Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите, остануваат уште градежните вештачења

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на „Фејсбук“, „Вибер“ и „Месинџер“, во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи никаде не се спомнува „Пулс“.

Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука во медиумите, биле нарекувани со погрдни зборови, а во една комуникација, како што рече, еден од обвинетите и еден од оштетените разговарале за тоа да се пушти малолетната ќерка во „Пулс“, доказ за кој, како што рече, бара да се презентира уште еднаш. 

Реклама

– Од доказите на Обвинителството ни останаа уште градежните вештачења и градежните вештаци – рече судијката Дијана Груевска-Илиевска на крајот од денешното рочиште.

По изведувањето на доказите на Обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која, како што најави, има и две вештачења.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој се случи во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, животот го изгубија 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Следното рочиште е закажано за 14 јули.