Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Студенти од странство дел од Летната археолошка школа BEAM, истражуваат на локалитетот Барутница

Студенти по археологија од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија и други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студенти по археологија од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија и други држави, ова лето стекнуваат практично искуство на археолошкиот локалитет Барутница кај селото Амзабегово, како дел од Летната археолошка школа BEAM (Birth of Europe – Excavations at the Neolithic site of Amzabegovo), која се реализира од 4 до 31 јули.

Летната школа е заедничка иницијатива на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Фондацијата „Балканско наследство“ и ОУ Народен музеј – Свети Николе. Координатор и раководител на школата е Дарко Стојановски, кој што посочи дека  таа е составен дел од теренските истражувања на локалитетот Барутница, кои се реализираат во рамки на интердисциплинарен научен проект координиран од Австрискиот археолошки институт при Австриската академија на науките.

Стојановски додава проектот се организира веќе четврта година по ред и претставува значајна можност за студентите да стекнат практични вештини што ретко можат да ги добијат на своите матични универзитети.

Реклама

-Оваа летна школа е дел од поширокиот научен проект што ги истражува неолитот и процесот на неолитизација помеѓу Егејот и Дунав. За студентите најголемиот бенефит е практичната теренска работа, но и можноста да се запознаат со нова култура и да работат во интернационална средина. Истовремено, проектот создава потенцијал за идни научни соработки и нови истражувачи кои ќе придонесуваат кон проучувањето на неолитот во Македонија-рече Стојановски.

Тој додаде дека досегашните археолошки истражувања секоја година носат нови откритија, материјални сведоштва и сознанија за животот во неолитот на Балканот, додека дел од поранешните учесници во школата денес ги продолжуваат своите истражувања преку магистерски и докторски трудови инспирирани токму од искуството стекнато во Амзабегово.

Меѓу учесниците годинава е и Саша Вала од Универзитетот Оксфорд, која за првпат учествува на археолошки ископувања.

-Никогаш претходно не сум била на ископување, а сакав да научам повеќе за Македонија и Балканот. Ова беше совршена можност да ги спојам двете работи. Досега искуството е навистина одлично. Запознавме многу луѓе, храната е прекрасна, а сите на локалитетот се исклучително пријателски настроени. Иако е многу топло, секој ден работиме, учиме и навистина уживаме-рече Вала.

Практичното искуство било главниот мотив и за Алисон Леви од Универзитетот во Флорида, САД. 

-Сакав да дојдам тука за да стекнам практично искуство на терен и подобро да разберам дали археологијата е насоката во која сакам да ја градам мојата кариера. Покрај тоа, отсекогаш сум сакала да патувам низ Европа, па ова беше неверојатна можност да запознаам нова земја, нови луѓе, нова култура и нов пејсаж. Ова искуство навистина ги надмина моите очекувања-рече Леви.

Летната археолошка школа е интегрирана во истражувањата на локалитетот Барутница кај Амзабегово, кој има централно значење во проучувањето на раните неолитски миграции од Егејот кон Централна Европа и формирањето на првите постојани населби долж коридорот Вардар–Морава.

Во годинешната кампања учествуваат пет студенти од САД и Велика Британија, како и петнаесетина археолози и експерти од Македонија, Австрија, Грција, Швајцарија и САД. Преку спојот на научните истражувања, практичната настава и меѓународната соработка, школата BEAM продолжува да ја афирмира Македонија како значајна дестинација за проучување на европскиот неолит и развој на нови генерации археолози.