Реклама

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Македонија

Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата.

Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници.

– Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи ќе мора да се развива во согласност со новите закани. Технологијата постојано напредува создавајќи нови можности за криминалците во споредба со времето кога јас ја почнав мојата полициска кариера – рече Уркиза.

Реклама
null

Тој посочи дека криминалот станува сè покомплексен поради технолошкиот напредок и растечката меѓународна димензија на криминалните активности поради што е неопходна силна меѓународна соработка.

– Ќе се соочувате со разни јазици, разни правни системи и разни начини на работа. Убеден сум дека во тие околности ќе го препознаете Интерпол како подготвен и доверлив партнер во вашата борба. Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од заедничките активности со српските власти, гледам дека Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка. Токму тоа го прави Интерпол сè поважен во современата борба против организираниот криминал – посочи Уркиза.

Тој потсети дека од ноември 2025 година Центарот за обука на МВР е дел од глобалната академска мрежа на Интерпол и го поздрави учеството на земјата во меѓународните операции против трговијата со луѓе и нелегалната трговија со оружје.

Обраќајќи им се на кадетите, тој порача дека полициската професија бара посветеност, но носи и чувство на исполнетост.

– Предизвиците се реални, но реални се и наградите. Можноста да направите вистинска разлика во животите на луѓето е она што ја прави оваа професија навистина посебна и вредна за секоја жртва што ја носи – истакна генералниот секретар на Интерпол.