Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Тројца функционери од „Вреди“ спречени да влезат во Албанија на ГП Ќафасан

Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kоординаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, вчера биле задржани од албанските власти на граничниот премин Ќафасан и не им бил дозволен влез во Албанија иако имале дипломатски пасоши.

Од „Вреди“ денеска информираа дека тројцата партиски функционери биле задржани еден час без никакво официјално објаснување. Според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постоела забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

Затоа од „Вреди“ барааат властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.

Реклама

– Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање – реагираат од ВРЕДИ.