Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

Во „Ragusa 360 Rooftop“ во Скопје вечер ќе се одржи осмото издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во „Ragusa 360 Rooftop“ во Скопје вечер ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, манифестација што ги обединува виното, гастрономијата, музиката и стилот во уникатно доживување за посетителите.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат претставени повеќе од 200 вина од домашни и странски винарии, меѓу кои бели, розе и црвени вина, внимателно селектирани за љубителите на винската култура.

Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на различни вински етикети, гастрономски специјалитети, модно изненадување и музичка програма во живо. За музичкиот дел ќе биде задолжена Бернарда Бобовечки, која ќе настапи со акустичен концерт.

Реклама

Настанот, кој низ годините изгради препознатлив концепт, има за цел да ја промовира винската култура, префинетиот вкус и дружењето во елегантна атмосфера, а е наменет за сите љубители на доброто вино и урбаниот начин на живот.