Реклама

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Прилози

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Парадоксот на Филипче, секојдневно критикува за некаква си диктатура во Македонија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парадоксот на Филипче, секојдневно критикува за некаква си диктатура во Македонија, а внатре во СДСМ се однесува како вистински диктатор. Кој и да каже и најмала критика за неговата работа, завршува на листа за отстрел од партијата. Последна во низата е поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска. На партискиот шеф и неговите најблиски не им се допаѓа што се појавила на разговори поврзани со внатрепартиските реформи.

Оваа недела во СДСМ ќе се разговарало за нејзината иднина на Бихаќка, бијдеќи според актуелното раководство и таа е дел од оние кои одработувале за ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата. Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата, порача СДСМ.

Реклама

Моето учество во Разговорите за Македонија не против СДСМ, туку за СДСМ, реагира Петровска. Вели дека состојбата во партијата е далеку од добра и доколку нешто не се промени, ќе исчезнеле.

-Соработував и помагав за доброто на СДСМ. Но, работите не се менуваа на подобро.На конгрес, пред присутните делегати јасно и гласно пратив порака дека мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме. Со слична порака го честитав  и роденденот на партијата.Останав СДСМ. Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување, порача Славјанка Петровска.

Инаку, поради состојбите во СДСМ, поранешни и сегашни видни партиски функционери фомираа платформа насловена „Разговори за иднината“. Од таму велат дека на Македонија и е потребен општствен договор, како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени. Инаку Петровска не е единствена, раководството на СДСМ влезе во отворен конфликт  со повеќемина свои членови кои јавно го критикуваат Филипче. Кавга имаше со актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски кој даде поддршка за рудникот за антимон Крстов дол. Иницирано исклучување има и за повеќе членови како Петре Шилегов, Јован Деспотовски, а веќе исклучен од партијата е Родослав Трошановски – советникот од Општина Карпош

Матеја Петровски