Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Хроника на еден очекуван изборен пораз: СДСМ со блокадата на Изборниот законик само си подготвува алиби

Избезумени од едноцифрените рејтинзи и очекуваниот пораз на изборите опозициските партии се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избезумени од едноцифрените рејтинзи и очекуваниот пораз на изборите опозициските партии се обидуваат однапред да си најдат алиби – во моментов тоа им е изборниот законик. Според ВМРО-ДПМНЕ, социјал-дмекратите стравуваат дека луѓето кои тие ги избркале за време на нивното речиси 7-годишно владеење сигурно сега не би ја подржале нивната политика. Со

  • Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат или пак по пошта. Овој предлог беше одбиен од страна на Венко Заев и СДС затоа што кај нив владее страв за тоа дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори“ рече Валентин Манасиевски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката партија обвинија дека со блокирањето на новите изборни правила опозицијата не ги иритриа само иселениците, туку го доведува во прашање и исполнувањето на реформската агедна на државата.

СДСМ пак повторно критикува дека со новата изборна регулатива власта ќе подготвувала изборен грабеж. Опозициската партија, кои не учествуваа во пишувањето на законските измени во Министерството за правда, сега бара Државната изборна комисија со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола.

Реклама
  • Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж. СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја“ рече Богданка Кузевска – Портпарол на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека предлогот на опозицијата во ДИК одлуките да се носат со консензус е непифатлив за власта, а смета и дека ова радикално барање е ставено на маса за да на крајот не биде постигнат договор.

Мицкоски е писимист дека ќе се постигне консензус за овој реформски закон, но и се плаши дека ова ќе ја забави реформската агенда на владата и наместо 10 од 10, тие на ЕУ ќе ѝ испорачат 9 од 10 реформски закони. Ваквиот епилог е во период кога сигналите од Брисел се дека Македонија солидно ги спроведува реформите.