Реклама

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Економија

Мицкоски: Наместо нови ветувања, имаме започната реализација на автопатот Скопје-Блаце, оваа Влада ќе биде запаметена по проекти

Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Автопатот Скопје-Блаце влегува во фаза на изградба откако денеска беше потпишан договорот за инвестициски грант со кој се затвора финансиската конструкција за реализација на автопатот. Премиерот Христијан Мицкоски на настанот порача дека државата, наместо нови ветувања, денес има обезбедени средства, избран изведувач и започната реализација на проектот, најавувајќи дека градежните активности на терен би можеле да стартуваат во наредните месеци.

– Денеска отпочнуваме проект кој што беше најавуван со децении. За мене како претседател на Влада претставува задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. Покрај оваа, која што треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата која што треба да ги поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие шест автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија, нешто кое што за мене претставува исклучително важно и еден од врвните приоритети на оваа Влада –  рече Мицкоски.

Тој истакна дека градежниот сектор бележи силен раст и дека инфраструктурните инвестиции треба да бидат еден од двигателите на економскиот развој.

Реклама

– Градежништвото како еден од најважните драјвери на економскиот развој очекувам да продолжи со несмалена динамика. Во април имаме исклучително висок степен на реализација на проекти, голем бум на градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика велат дека е за една третина подобро од минатата година за истиот месец. Тука зборувам и за нискоградба и за високоградба, нешто што досега е незабележано во новата историја на државата. Очекувам во таа насока да се движат работите и во периодот кој што следи – додаде премиерот.

Осврнувајќи се на самиот проект, Мицкоски оцени дека автопатот Скопје-Блаце долго време бил пример за нереализирани ветувања, но дека сега се создадени услови за почеток на градежните активности.

– Овој автопат со години беше симбол на неисполнети ветувања, речиси секоја влада го најавуваше. Секоја пред избори ветуваше дека токму таа ќе го изгради. Денеска разликата е јасна и видлива, наместо нови ветувања имаме обезбедени средства, потпишани договори, избран изведувач и започната реализација и очекувам ако биде сѐ како што треба, со Бога напред, овој или другиот месец да почнеме веќе и со теренските активности. Оваа влада нема намера да биде запаметена по изговори. Сакаме да бидеме запаметени по проекти, автопати, експресни патишта, железници, училишта, болници и инвестиции што ќе останат позади нас. Тоа е нашиот одговор на сите оние кои што со години само ветуваа – нагласи Мицкоски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски информираше дека со денешното потпишување на грантот се комплетира финансиската конструкција за реализација на автопатот. Тој посочи дека грантот изнесува 30,8 милиони евра и е обезбеден од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан, додека заемот од Европската банка за обнова и развој изнесува 167,6 милиони евра.

Според Трајановски, делницата што ќе се гради е долга 10,5 километри и се надоврзува на веќе изградените 1,5 километри, со што вкупната должина до граничниот премин Блаце ќе достигне 12 километри. Тој нагласи дека станува збор за исклучително сложен проект поради ритско-планинскиот терен на Скопска Црна Гора, при што се предвидени пет тунели со вкупна должина од околу пет километри, девет мостови во должина од 2,5 километри, единаесет надпатници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. Почетокот на градежните работи се очекува во август годинава, а рокот за изградба е четири години.

– Избран е консултант, избран е изведувач, а надзорот е во фаза на евалуација и очекуваме брзо да биде избран. Со изградбата на автопатот ќе се овозможи поголема безбедност, ќе се скрати времето на патување и ќе се намалат трошоците. Преку овој пат многу побрзо ќе се стигнува до Црна Гора, Албанија и Србија, а од северниот дел преку Скопје ќе се стигнува до Солун – рече тој.

Директорот на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија, Фатих Турменоглу, истакна дека проектот ќе придонесе за подобрување на регионалната поврзаност и економскиот развој.

– Ова е одличен проект за земјата затоа што ја подобрува регионалната поврзаност, особено со Косово, а го поддржува и економскиот раст, што е навистина мошне важно, особено за создавање нови работни места – рече Турменоглу.

Тој нагласи дека ЕБОР обезбедил 167 милиони евра и дека Банката останува посветена на поддршката на развојните проекти во земјата, додавајќи дека реализацијата на проектот е резултат на повеќемесечна работа на институциите, банката и Делегацијата на Европската Унија.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, оцени дека автопатот претставува дел од пошироката визија за позиционирање на државата како важна регионална сообраќајна раскрсница.

– Навистина е убаво кога започнуваат нови проекти и денес сме на почетокот на еден таков проект, а тоа е изградбата на автопатско решение кое треба да се движи по Трансевропската рута 6 и да ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму на запад и со Тирана и Драч, како и северозападно со Бар. Со тоа кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот – рече министерот.

Министерот додаде дека избраниот изведувач е „Гранит“, кој предводи конзорциум за реализација на проектот, оценувајќи дека тоа е потврда дека домашните компании имаат капацитет да градат големи инфраструктурни објекти.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, нагласи дека проектот има значење што оди многу подалеку од самата инфраструктурна инвестиција.

– Денешното потпишување е многу повеќе од финансирање инфраструктура. Станува збор за инвестирање во иднината на земјата, во поголема регионална поврзаност и приближување на земјата до Европската Унија преку конкретни проекти што ги подобруваат животите на луѓето – рече Рокас.

Тој информираше дека Европската Унија обезбедува 41 милион евра грантови, од кои 37 милиони евра се наменети за изградба и надзор, додека вкупната вредност на проектот, заедно со заемот од ЕБОР и националното кофинансирање, надминува 235 милиони евра.

Според Рокас, автопатот ќе ја зацврсти позицијата на државата во европската транспортна мрежа, ќе ја подобри поврзаноста со Косово, ќе го намали времето на патување и ќе придонесе за поголема регионална интеграција и приближување кон Европската Унија.