Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Демирхисарска летна школа во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче

– Од Иванден (7 јули) до Петровден (12 јули), во манастирот „Св.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Од Иванден (7 јули) до Петровден (12 јули), во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче ќе се одржи Демирхисарската летна школа, една од најзначајните научно-образовни иницијативи во земјава, посветена на истражувањето, заштитата, валоризацијата и промоцијата на македонското културно наследство.

Демирхисарската летна школа е простор во кој академската наука непосредно се поврзува со локалната заедница. Нејзината основна мисија е преку теренски истражувања, научни предавања и јавни трибини да придонесе за подобро познавање, вреднување и зачувување на движното и недвижното културно наследство, најавија организаторите во пресрет на официјалниот почеток на школата.

Во програмата ќе учествуваат еминентни научници и истражувачи и таа опфаќа научно-истражувачки теренски активности, посети на значајни археолошки, историски и духовни локалитети, стручни работилници и јавни предавања од областа на археологијата, историјата, историјата на уметноста, архитектурата, конзервацијата и теологијата.