Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Македонија

Општина Битола гради и реконструира 25 училишни спортски игралишта, наскоро јавен повик за набавка на електрични велосипеди

Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски продолжија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски продолжија со традиционалните месечни средби со новинарите на кои информираа за тековните проекти што ги реализира локалната самоуправа.

Фокус на денешната средба во кабинетот на битолскиот градоначалник беа инфраструктурните проекти, изградба на спортски игралишта и спортски сали, а наскоро ќе биде објавен јавен повик за набавка на електрични велосипеди.

-Во рамки на програмата за животна средина обезбедивме 4,8 милиони денари за набавка на електрични велосипеди. На овој начин ја потврдуваме тенденцијата Битола да стане вистински вело-град за што изградивме велосипедски патеки. Новите електрични велосипеди ќе се користат врз принципот на изнајмување, преку апликација со симболични цени на изградени велосипедски патеки. На неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да изнајмуваат велосипеди од сите страни на градот, помалку да користат возила, а повеќе велосипеди и, и тие да придонесуваат за заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Коњановски.

Реклама

Во изјава за медиумите, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Општина Битола во рамки на програмата и активностите кои ги реализира заедно со Владата на Република Македонија, се изведува поголем проект за реконструкција и обновување на сите спортски терени во училишните дворови во Битола.

-На десет локации се градат 26 спортски игралишта со комплетна опрема, тартан подлога и заштита, оградување и осветлување. Спортските терени кои биле градени во минатиот век, сега ќе бидат целосно со нова спортска опрема и тоа ќе овозможи враќање на спортот како активност, но и одвојување на децата од мобилните телефони, во замена на спортски дух и физичка активност. Овој проект во најголем дел е завршен, а дел од проектите се реализираат затоа што имаме обезбедени средства. Важно е да се истакне дека кај дел од училиштата ќе има и спортски сали кои ќе се наоѓаат во урбаниот и руралниот дел на општината, посочи Коњановски.

Општина Битола наскоро ќе ја пушти во употреба новата детска градинка што се наоѓа во непосредна близина на ОУ „Св. Климент Охридски“, која е комплетно опремена, обезбеден е персонал и се очекува согласност од надлежните органи за прием на деца.