Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Македонија за 2026 година, во второ читање. За ребалансот на Буџетот поднесени се 224 амандмани.

Вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што е зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти. 

Согласно проекциите, за годинава се очекува економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти, а буџетскиот дефицит 4,1 процент. 

Реклама

– Ребалансот на Буџетот ќе овозможи продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани на државава – рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на прес-конференција откако Владата го усвои ребалансот на Буџетот.

На приходната страна даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од околу 900 милиони денари, односно за 0,4 проценти. Тоа намалување е резултат на ревидираните приходи од акцизи и корекција во ДДВ. Приходите од акцизи од првично проектираните 35,8 милијарди денари се ревидираат на 34,2 милијарди денари, односно се намалуваат за околу 1,5 милијарди денари. Причината се одлуките за намалување на акцизите на нафтените деривати за ублажување на последиците од растот на светските цени на горивата и за помош на граѓаните и компаниите полесно да се справат со ценовните притисоци. 

Неданочните приходи се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, како резултат на подобрата реализација на административните такси, концесиите, и поголемото користење на сопствените приходи од страна на буџетските корисници.

Кај расходите за стоки и услуги има намалување од околу 900 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби.

Првпат, според Димитриеска Кочоска, корекцијата на дефицитот е резултат на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата.

-Тука имаме зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,1 милијарди денари, односно на 4,1 проценти од БДП. За првпат, ова зголемување на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој, објасни Димитриеска Кочоска. 

Во патната инфраструктура,  според најавите ќе продолжи реализацијата на Коридорите 8 и 10-д,  автопатот Скопје – Блаце и подобрувањето на локалната патна инфраструктура низ општините. Во железничката инфраструктура информира дека ќе продолжи изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор VIII, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и проектот за заеднички железнички граничен премин и железничка станица Табановце. Во областа на животната средина и комуналната инфраструктура предвидени се инвестиции во изградба на водоводни и канализациски системи, пречистителни станици во повеќе општини, регионални системи за управување со отпад, изградба на централни и локални капацитети за управување со отпад и продолжување на проектот за Пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Буџетскиот дефицит од 46,1 милијарди денари, како и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари, ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.