Во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште, како и за оние кои ќе одбиваат да соработуваат со стручните служби, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на дискусијата со родителите и психолозите. На средбата се разговараше за тоа од каде потекнува проблемот, каде треба итно да се интервенира, зошто родителите не забележуваат и што треба да забележат, во обид да се најдат конкретни чекори за решенија.