Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Македонија

Советот на ЈО го разгледа и усвои годишниот извештај за Вишото ЈО Скопје за 2025, вкупно 45 проценти од решените пријави се без натамошно процесуирање во судот

Советот на јавните обвинители денеска на четириесет и седма седница го разгледа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители денеска на четириесет и седма седница го разгледа и позитивно го оцени Годишен извештај за работата на Вишото јавно обвинителство Скопjе за 2025 година.

Јавната обвинителка Наташа Крстевска Цанева, која е привремен шеф на Вишото ЈО Скопје, елаборирајќи го извештајот, нагласи дека и покрај објективните потешкотии јавните обвинителства во Скопје, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Крива Паланка и Куманово успешно ги извршувале своите законски утврдени надлежности и овластувања. 

-Во текот на 2025 до јавните обвинителства од подрачјето на Вишото ЈО Скопје биле поднесени кривични пријави против вкупно 11 040 лица. Пријавениот криминалитет во 2025, споредено со 2024 година бележи благо намалување со тоа што бројот на пријавени сторители е намалена за 7 проценти, а бројот на малолетни сторители е намален за 10 проценри – изјави Крстевска Цанева.

Реклама

Во однос на ажурноста во постапувањето, Крстевска Цанева, посочи дека може да се оцени како добра, со оглед на зголемениот прилив на нови пријави и покривање на заостатокот од минатите години. 

-Во 2025 година се постапувало во пријави против вкупно 15 995 лица, од кои биле решени пријави против 9 487 лица. Останале нерешени пријави против 6 659 лица. Дел од пријавите се од поранешен период за 7 055 лица, а дел се новопримени пријави за 8 940 лица – изјави Крстевска Цанева.

Ефикасноста, како што посочи Крстевска Цанева, од една страна зависи од кадровската екипираност, но од друга страна и од ажурноста на други субјекти кои треба да придонесат за брзо и ефикасно обезбедување податоци и докази.

-И покрај издадени голем број наредби и преземени истражни дејствија јавните обвинители донеле решение за отфрлање на кривични пријави против вкупно 3 176 лица, што претставува 33,5% од вкупно решени пријави во 2025 година. Овој висок процент на отфрлени кривични пријави – една третина, е присутен континуирано, исто како и во 2024 година кога биле донесени вакви решенија против 3 018 лица. Ова се должи на недоволна основаност и поткрепеност на поднесените кривични пријави, бидејќи и после темелни проверки и истражувања за голем број пријави не се достигнува бараниот степен на основано сомневање за сторено кривично дело или не се утврдува постоење на елементи на кривично дело и постојат други околности заради кои се исклучува гонењето, заради што се отфрлаат кривичните пријави – изјави Крстевска Цанева.

Дополнителни 11,3 проценти од вкупно решените предмети, како што посочи Крстевска Цанева се решени согласно Член 43 и 44 од ЗКП, со што вкупниот процент на решени пријави без натамошно процесуирање во судот е 45 отсто. 

Во однос на кадровската екипираност, како што посочи Крстевска Цанева, во извештајот се нотира недостаток на јавни обвинители и стручни службеници во сите обвинителства. 

-Ова особено се нотира во ОЈО Крива Паланка каде долго време нема ниту еден јавен обвинител. Во ОЈО Гевгелија освен основен јавен обвинител, има уште еден новоизбран, а е предвидено да работат уште три. Во ОЈО Велес и Куманово не се пополнети по две јавно-обвинителски позиции, додека во ОЈО Кавадарци едно. Во ОЈО Скопје од предвидени 66 јавни обвинители, поппнети се 50, а осум се избрани со ограничен мандат во ОЈО ГОКК – појасни Крстевска Цанева.

Членовите на Советот на ЈО, изнесоа забелешка да се доставуваат месечни извештаи за работата на дел од јавните обвинители, со напомена да им се укаже на јавните обвинителства тоа да го прават редовно и во пишана форма со табеларен приказ за работата по предмети.

Ова е највпечатливо, како што рекоа, за јавните обвинители од ОЈО Скопје и ОЈО Куманово.

Советот, исто така, реагураше и во однос на малиот број на предлог спогодби, со оглед на големото подрачје на Вишото ЈО Скопје, само 29 поднесени во 2025 година.

Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје ги опфаќа основните јавни обвинителства во Гевгелија, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово и Скопје.