Реклама

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Македонија

Кавадарци со информативни табли за дигитализација и модернизација на општински услуги

– Општина Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Со едноставно скенирање на QR-кодот, граѓаните ќе можат брзо и безбедно да: проверат дали имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси, да ги платат своите обврски електронски, да добијат увид во наплатата на ниво на зграда, да пристапат до платформата еданоци.мк достапна 24 часа дневно – информираа од локалната самоуправа.

Како што посочија оттаму, деталните информации за даночните обврски ќе бидат достапни исклучиво за сопственикот, по безбедна идентификација и верификација, со целосна заштита на личните податоци.

Реклама

– Со ова современо решение, Општина Кавадарци ја унапредува транспарентноста, ја олеснува комуникацијата со граѓаните и поттикнува навремено исполнување на даночните обврски – нагласија од Општината, додавајќи дека навремено платените даноци се инвестиција во иднината и развојот на општина Кавадарци.