Разговорите во Доха се фокусирани на Ормускиот теснец, а не на нуклеарните прашања, истакна потпретседателот Венс. Американските, иранските и катарските претставници дебатираат за детали поврзани со комерцијалниот сообраќај. Иран и САД се договорија како дел од привремениот договор да им дозволат на бродовите да поминуваат без да плаќаат такси 60 дена. Техеран инсистира дека мора да ги контролира рутите на бродовите, а подоцна да наплаќа такси за премин. Вашингтон и многу арапски земји од Заливот не се согласуваат со таксите.
„Очигледно ќе им дадеме на преговорите што е можно повеќе шанси за успех. Но, секако, ако се обидат да ја обноват нуклеарната програма, ако одбијат инспекции, ако продолжат со пукање врз комерцијални бродови, тогаш очигледно претседателот сè уште има многу опции на маса“, изјави Џејмс Дејвид Венс, потпретседател на САД.
