Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

14-годишно момче нападнато и избодено во Ченто

14-годишно момче било претепано и избодено со нож на 22 јуни во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

14-годишно момче било претепано и избодено со нож на 22 јуни во скопската населба Ченто. Според тврдењата на неговото семејство, за неколку портали,  тој бил нападнат без никаква причина од три лица додека се движел кон улицата „Финска“. Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол и не повикал Итна помош и полиција.

Повредениот малолетник бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран. Семејството бара брзо расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите. Тврдат дека место обид за убиство случајот се водел како насилство. Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Реклама

Од Обвинителството информираат дека сеуште немаат  добиено кривична пријава од МВР за настанот.