Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерот Муцунски оствари средба со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска на средбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска на средбата со вршителката на должноста амбасадор на САД во земјава, Никол Варнс упати честитки по повод 250-годишнината од независноста на САД, истакнувајќи дека овој значаен јубилеј претставува сведоштво за континуитетот, институционалната стабилност и трајната виталност на американската демократија и нејзините темелни вредности.

На средбата, како што соопшти МНРиНТ, соговорниците го потврдиле силното македонско-американско стратешко партнерство, изградено врз заемна доверба, споделени вредности и заеднички стратешки интереси. 

Воедно биле разменети мислења за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, при што била потврдена заедничката посветеност на имплементацијата на целите договорени на претходниот Самит во Хаг.

Реклама

Посебно внимание било посветено и на следните чекори во спроведувањето на приоритетите утврдени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог, одржана во април 2026 година, со акцент на конкретни иницијативи и засилена институционална соработка.