Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Судењето против деветтемина полициски службеници за пожарот во Кочани продолжи со материјални докази, одложено сослушувањето сведоци

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката.

На почетокот на рочиштето судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од правилникот за систематизација на работните места со ознака „строго доверливо“, иако претходно било побарано да се разгледа можноста за декласификација на описот и пописот на работните места за потребите на постапката. Судот информира и дека е доставен извештај изготвен од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за периодот од март до јули 2023 година, кој исто така е со ознака „строго доверливо“.

Адвокатот на одбраната Бранко Колев реагираше на статусот на овие докази пред испитувањето на сведоците и побара појаснување дали овие документи се декласифицирани и дали одбраната ќе може да поставува прашања до сведоците во врска со нивната содржина имајќи предвид дека тие постапувале во согласност со наведениот анекс-план.

Реклама

– Во доказите на ЈО се доставени анекс-планови за постапување на СВР Штип и ОВР Кочани и во тие документи стои „доверливо достапно само за полициски службеници“. Со оглед дека немаме информација дали овие информации се декласифицирани и се изведени како доказ, а сведоците, кои денеска треба да бидат истражени пред судот, постапувале веќе по ваков анекс-план од 3.3.2023 година, барам од застапникот на обвинението да се произнесе дали овие докази се декласифицирани, дали се изведени и дали ние како одбрана имаме право да поставуваме прашања на овие сведоци по анекс-планот – посочи Колев.

На ова јавната обвинителка Спасенка Андонова побара од судот дополнително време за, како што рече, проверка на статусот на документите.

– Во моментот не располагам со податок дали во текот на пертходната постапка е извршено рекласифицирање на категоријата на доказите што се наведени како во листата на докази на ЈО така и на оние докази што се дадени на одбраната во форма на УСБ. Доколку судот дозволи, би побарала одреден временски период, барем до следното рочиште, за официјално да се обратам до органот што се јавува како создавач на ваквите документи да се произнесе на оваа околност, особено затоа што тие се доставени како докази на веќе поднесена кривична пријава – посочи Андонова.

Поради потребата Обвинителството официјално да се обрати до надлежните органи за декласификација на информациите, предложените сведоци беа ослободени од денешното рочиште и презакажани за следната расправа.

Во продолжение на рочиштето јавната обвинителка Андонова пристапи кон изведување на материјалните докази, при што беше презентиран фотоалбум со 30 фотографии, кои ги прикажуваат паркинг-просторот пред дискотеката „Пулс“, сообраќајната сигнализација, како и ширината и големината на околните улици и паркиралиштата пред маркетот „Стокомак“ и хотелот „Национал“.

Обвинителството презентира и извод од банкарска сметка на лицето Дејан Јованов за периодот од јануари 2022 до март 2025 година. Според презентираните податоци, евидентирани се повеќе безготовински приливи од правниот субјект „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани, меѓу кои и износи од 300.000 и 400.000 денари во декември 2022 година, како и повеќекратни месечни приливи од над 30.000 денари во втората половина на 2023 година.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а обвинението го застапува обвинителката Спасенка Андонова.

Обвинението, поднесено од ОЈО – ГОКК, ги товари деветтемина за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, тие во период од една година не ги презеле потребните службени дејства и проверки поврзани со јавната безбедност и сообраќајните услови, кои биле клучни за издавање лиценца за работа на дискотеката.