Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Во Кавадарци одржан регионален консултативен настан во врска со измените на Законот за меѓуопштинска соработка

Во Кавадарци денеска се одржа првиот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кавадарци денеска се одржа првиот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка, на кој биле презентирани измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка, во присуство на претставници на четири плански региони.

На настанот се обратил заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, кој истакнал дека меѓуопштинската соработка претставува еден од најважните механизми за поефикасно извршување на локалните надлежности, подобро користење на расположливите ресурси и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Селими, како што информираат од Министерството за локална самоуправа, нагласил дека предложените законски измени не претставуваат суштинска промена на постојниот концепт, туку негово унапредување со цел законот да стане појасен, попрактичен и полесно применлив за општините. Тој посочил дека компаративните анализи покажале дека успешната меѓуопштинска соработка не зависи само од законската можност за нејзино воспоставување, туку и од постоењето на јасни процедури, стандардизирани модели, методолошка и финансиска поддршка, транспарентност и ефикасни механизми за следење на нејзината примена.

Реклама

Домаќин на настанот бил Општина Кавадарци, кој обединил претставници од 33 општини од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион.

На консултативниот настан присуствувале голем број градоначалници, претседатели на општински совети, претставници на општинската администрација и граѓанскиот сектор, како и членови на Комисијата за меѓуопштинска соработка и на Работната група за подготовка на измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка.

Во рамки на агендата, државниот секретар во Министерството Јулијана Павковска Боцевска ги презентирала активностите што Министерството за локална самоуправа ги спроведува за унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисии во областа на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Во рамки на презентациите биле предложени правни решенија, кои произлегуваат од три меѓусебно поврзани аналитички основи: компаративна анализа на регионални и европски модели, правен преглед на националната рамка и синтетичка хармонизациска оценка на постојните правни можности, предизвици и ризици.

Во текот на дискусијата учесниците активно се вклучиле со свои предлози и мислења, при што било оценето дека меѓуопштинската соработка има значајна улога во јакнењето на капацитетите на општините, поефикасното обезбедување јавни услуги и поттикнувањето на рамномерниот регионален развој.

Активноста се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ кој е финансиран од Швајцарска влада и Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира  УНДП.