Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Советот на Општина Куманово донесе одлука за повисоки цени за собирање и транспортирање на комунален отпад

Советот на Општина Куманово денеска ја усвои одлуката за зголемување на цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Општина Куманово денеска ја усвои одлуката за зголемување на цените за услугата собирање и транспортирање на комунален отпад. Според новиот ценовник, услугата ќе поскапи за околу 30 процеценти. Образложувајќи го предлогот, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, рече дека корекцијата е неопходна поради зголемените трошоци за работа.

-Кога ќе се каже зголемување од 30 отсто, звучи бомбастично, но ако се погледнат цените и износите, не станува збор за енормно поскапување. Зголемувањето е неопходно поради амортизацијата на возилата, застарениот возен парк, повисоките цени на горивото, зголемувањето на минималната плата, резервните делови и потребата за редовна исплата на платите. Ако не се донесе ваква одлука, нема да можеме да работиме- рече Томиќ.

Тој посочи дека за стан од 50 квадратни метри месечната сметка ќе се зголеми од 266 на 337 денари, односно за околу 70 денари. За стан од 90 квадратни метри сметката ќе порасне од 479 на 606 денари, а за стан од 120 квадратни метри ќе биде повисока за 191 денар. Според Томиќ, средствата од новиот ценовник ќе бидат наменети за исплата на плати, сервисирање на возилата и покривање на тековните трошоци, а не за набавка на нова механизација.

Реклама

За станбен простор кај физичките лица цената ќе изнесува 5,85 денари по квадратен метар,  за станбен простор надвор од градежниот реон ќе биде 3,80, за дворно место ќе се наплатуваат 0,39,  за дворно место кај физичките лица надвор од градежниот реон нема да се наплатува надоместок. Кај правните лица, цената за деловен простор ќе изнесува 16,25 денари по квадратен метар, за производните субјекти 2,86, за деловниот простор во Индустриската зона „Речица“ 5,72 денари по квадратен метар. За дворно место кај правните лица ќе се наплатуваат 0,65 денари по квадратен метар.

Советниците од опозицијата не ја поддржаа одлуката, оценувајќи дека квалитетот на комуналните услуги не е на ниво што би оправдало повисоки цени.

-ЈП „Чистота и зеленило“ во последните неколку години не ја извршува оваа дејност согласно програмата, а отпадот се собира нередовно. Не е прифатливо товарот за подобрување на финансиската состојба на претпријатието да падне врз граѓаните, особено ако услугата не се извршува во предвидениот обем, за што и ссоветниците од власта во повеќе наврати укажаа на тешката финансиска состојба на претпријатието. Доколку е потребно да се обезбедат дополнителни приходи, тоа треба да се направи преку зголемување на цените на другите услуги што претпријатието ги врши за Општина Куманово, како што се одржувањето на јавните зелени и цветни површини- рече Илиќ.