Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ДЗС набави две нови теренски возила за интервенции при поплави и пожари

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) има на располагање  две нови теренски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) има на располагање  две нови теренски возила со 4×4 погон. Ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамки на прекуграничната соработка со партнерските институции – информира денеска прес-службата на ДЗС.

Испораката на новите возила е извршена во присуство на директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Возилата ДЗС ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција.

Реклама

Според ДЗС, со оваа набавка се зајакнуваат оперативните капацитети и мобилноста на тимовите на Дирекцијата, со цел побрз и поефикасен одговор при вонредни состојби.

Проектот „Напредна рамка за намалување и управување со ризиците од поплави и други повеќекратни опасности“, (Interreg VI-A IPA Greece – Macedonia 2021–2027), обезбеди поддршка од Европската Унија, за која, се вели во соопштението, ДЗС изразува благодарност како и до сите партнерски организации од Грција за нивниот придонес во зајакнувањето на капацитетите за цивилна заштита (Network Operational Support – Education of the Volunteers Associations and University of Macedonia).