Реклама

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Еуроњуз: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во реформите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Македонија

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени.

-По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а апаратите беа проверени од овластени лица. При проверките не беше утврден никаков дефект. По завршените проверки, радиотерапевтските третмани продолжија кај сите пациенти. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање, а работата на Одделот се одвива согласно предвидените процедури. Во просторијата за пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод беше забележано протекување на вода, по што пациентите беа превентивно и безбедно преместени во друга соодветна просторија на Клиниката, соопшти Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Во соопштението се посочува дека в координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните проверки и мерења, кои потврдија дека нема радиоактивна контаминација.
 
-Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола, потенцираат од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Реклама

Нагласуваат дека ја разбираат загриженоста на јавноста кога станува збор за безбедноста на онколошките пациенти и здравствените работници.

-Токму затоа сметаме дека во вакви ситуации е особено важно информациите да бидат точни, проверени и презентирани без непотребно ширење страв кај пациентите и нивните семејства. Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Како превентивна мерка, апаратите за радиотерапија беа привремено исклучени, а по санирањето на протекувањето беа извршени чистење, дезинфекција и дополнителни проверки од овластени лица. Не беше утврден дефект на апаратите, по што радиотерапевтските третмани продолжија кај пациентите. Во однос на просторијата каде што се сместуваат пациенти кои примаат терапија со радиоактивен јод, пациентите беа навремено и безбедно преместени во друга соодветна просторија во рамки на Клиниката. Во координација со Институтот за нуклеарна медицина и Дирекцијата за радијациона сигурност беа извршени потребните мерења и проверки, при што не беше утврдена радиоактивна контаминација. Безбедноста на пациентите и персоналот не беше доведена во прашање. Клиниката постапи согласно предвидените безбедносни процедури и во координација со надлежните институции, се прецизира во соопштението.
 
Ги отфрламе, се додава, сите наводи кои создаваат впечаток дека пациентите биле оставени во небезбедни услови или дека постоела неконтролирана радијациска опасност.

-Во вакви чувствителни ситуации, особено кога станува збор за тешко болни и имунокомпромитирани пациенти, потребна е одговорност во јавната комуникација, а не дополнително вознемирување на пациентите и нивните семејства. Клиниката останува целосно отворена за соработка со сите надлежни институции и за транспарентно информирање на јавноста, врз основа на факти, стручни проверки и официјални мерења, се потенцира во соопштението.