Реклама

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Еуроњуз: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во реформите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Македонија

Мицкоски: Овозможивме подостоинствен живот за пензионерите, порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите во споредба со тоа како било претходно.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период, истакна дека уште кога биле опозиција, јасно ветиле дека ќе сторат сè што може во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери.

– Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување – рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение.  

Реклама

– Но она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова, би рекол, незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство, во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку-толку успеавме да им го направиме подостоинствен нивниот живот во споредба со тоа како беше претходно – рече Мицкоски.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fvideos%2F2401151547046774%2F&show_text=false&width=560&t=0

Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари, а сега, како што рече, со овие седум илјади денари од пензионер колку-толку успеале малку да ги санираат предизвиците со кои се соочува оваа категорија граѓани.