Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ристески: Воениот конфликт веќе е при крај, очекуваме цените да паѓаат и не растат, освен ако има одредени економски услови

Државниот пазарен инспекторат будно ги следи цените на 700 есенцијални производи, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат будно ги следи цените на 700 есенцијални производи, кои се потребни за живот на едно просечно македонско семејство и за една недела ќе го имаме комплетниот резултат, истакна денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој при посетата на Агенцијата за вработување во Штип одговараше на новинарски прашања за резултатите од анализите и кои мерки ќе ги преземат, за да се намалат цените на прехранбените производи. 

– Посетени се многу објекти и ќе знаеме која економска политика понатаму да ја примениме и како Влада и како Министерство за економија и труд. Главен приоритет, бидејќи воениот конфликт веќе е при крај, заврши, очекуваме цените да паѓаат и да не растат, освен ако има одредени, како да кажам, економски услови за тоа. Имаме берзански производи на кои не можеме да влијаеме, така што сметаме дека главниот приоритет, таргетот на на Владата до крајот на годината ќе биде да ја држи инфлацијата на едно ниско ниво. Иако имаме малку поголема инфлација поради воениот конфликт и зголемување на енергенсите, транспортните трошоци, суровини и така натаму, знаете дека инфлацијата е една од најниските во регионот. Значи, Македонија покрај најевтини енергенси, тоа го кажа и Еуростат, имаме и најниска цена на основните прехранбени производи во регионот и во Европа- изјави Ристески. 

Прашан дека  колкава е трговската мража во нашата земја, имајќи предвид оти просечната европска трговска маржа е 6 процент, Ристески со одговор дека анализите ќе кажат колку изнесува и кај нас.

Реклама

-Сега да не кажувам, она, паушално да зборувам. Самите анализи ќе кажат и ќе видиме во кои групи на производи има најголеми маржи и каде можат да се симнат цените. Каде се оправдани, каде не се оправдани, каде има економска логика, каде нема економска логика – тоа ќе ја покаже анализата. Анализата ќе биде за брзо и ќе бидете известени и од Министерството за економија и труд и од Владата- рече Ристески. 

Тој додаде дека овие две години  работат на стабилизирање на цените, бидејќи како што рече „тоа не беше случај со претходната година, кога имавме историски, за жал, најголема стапка на инфлација во Европа и во светот“. 

-Имавме 19, 20 проценти и така натаму, кога локалните, другите регионални економии имаа многу понизок степен на инфлација, меѓутоа сега е обратно. Македонија има еден од најниските степени на инфлација и најниски цени. Таа политика и понатаму ќе ја тераме, меѓутоа, од една страна, главен приоритет на Владата е да го штитиме животниот стандард на граѓаните, а од друга страна, да не предизвикаме големи потреси на ионака кревката економија во Македонија, што па од друга страна, како што се правело порано, без анализа, само од око, ставање мерки и така натаму и гол популизам, да не направиме поголем потрес кој понатаму пак ќе се одрази на животот на граѓаните на полошо- вели Ристески.