Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Почна реконструкцијата на улицата „Индустриска“ во Куманово

Почна   реконструкцијата на улицата „Индустриска“, на потегот од улицата „11 Октомври“ до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна   реконструкцијата на улицата „Индустриска“, на потегот од улицата „11 Октомври“ до улицата „11 Ноември“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. Проектот  се реализира во рамки на вториот владин повик. Како што соопшти Димитриевски предвидена е целосна реконструкција на постојната руинирана асфалтна површина, ќе се изврши вадење на постојните рабници, машински ископ и продлабочување на тампонскиот материјал, поставување нов тампонски слој со машинско набивање.

Реконструкцијата на улицата предвидува и  изградба на тротоари, поставување нови бетонски рабници, како и изведба на нов носив и завршен асфалтен слој и поставување сливници за надолжно и попречно одведување на површинските води.

-Со реализација на овој проект значително ќе се подобрат безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура на овој важен патен правец во Куманово- објави Димитриевски.

Реклама

Сопствениците на фирмите кои работат во една од најстарите индустриски зони во Куманово  со години бараа локалната самоуправа да инвестира во подобрување на инфраструктурата на овој потег. Улицата „Индустриска“, која ги поврзува населбите „Железничка станица“ и „Бедиње“, подолг период беше во исклучително лоша состојба, со бројни оштетувања и дупки на коловозот. Поради оштетениот асфалт, возачите и компаниите кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница често реагираа дека движењето е отежнато.