Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Градоначалникот на Илинден во Србија на меѓународен работен состанок за поврзување и партнерство меѓу општините

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на покана од Министерството за човекови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на покана од Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, учествуваше на работен состанок посветен на унапредување на меѓуопштинската соработка, воспоставување партнерства и иницирање збратимување меѓу градови и општини.

Како што информираат од прес-службата на Општина Илинден, целта на настанот била поттикнување на меѓународната соработка, јакнење на учеството на граѓаните во локалните процеси, промоција на демократските вредности и развој на партнерства меѓу локалните самоуправи во Европа. Состанокот се реализирал во рамки на Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, чија цел е зајакнување на демократијата, владеењето на правото, заштитата на основните човекови права и активно вклучување на граѓаните во општествените процеси.

На средбата учествувале претставници на локалните самоуправи од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Учесниците имале можност да разменат искуства, добри практики и идеи, како и да воспостават контакти за идни партнерства и заедничка реализација на проекти од заеднички интерес.

Реклама

Како што се наведува во општинското соопштение, со своето учество на вакви меѓународни состаноци, градоначалникот Георгиевски ја потврдува посветеноста на Општина Илинден кон развојот на меѓународната соработка, искористувањето на европските можности и создавањето модерна, развиена и европски ориентирана локална самоуправа, која ги следи современите европски и светски практики и континуирано работи на подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани.