Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Бојковска: Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок.

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Реклама

Тоа се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски. Тоа се средства кои се резултати на реформи, донесени закони и јасна посветеност на државата да се движи напред.

Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните.

Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2025 година беше донесен најголемиот пакет на закони во областа на дигиталната трансформација. Тој реформски пакет ги поставува темелите на модерна дигитална држава, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на бизнисот. Оваа динамика продолжува и годинава. Ќе бидат донесени и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда, со цел Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведување на реформите.

Разликата е јасна. Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме  систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните.

Тоа е суштината на реформите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да работи на целосно спроведување на Реформската агенда, на развој на дигитализацијата и на нејзиното вклучување во сите области од општеството.

Македонија мора да биде држава која не ги оптоварува граѓаните, туку им го олеснува секојдневието.

Македонија забрзува.