Во СВР Струмица денеска ќе бидат отворени простории уредени за разговор со деца што се во судир со законот.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Покрај Тошковски, предвидени се обраќања и на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, како и на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал.

На настанот ќе учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Отворањето на просториите за разговор со деца што се во судир со законот се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во нашата држава“.
