Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова на 2 јули денеска ќе ја посетат Агенцијата за вработување – Штип.
Според Општина Штип, целта на посетата е да се изврши увид во поднесените апликации во рамки на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, како и да се согледа текот на реализацијата на мерките кои имаат за цел поттикнување на вработувањето, самовработувањето и развојот на претприемништвото.
На настанот се предвидени изјави за медиумите.
