Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Пехчево домаќин на работна средба во рамки на проектот ADRISKY

Во Општина Пехчево денеска се одржа работна средба со засегнати страни во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Пехчево денеска се одржа работна средба со засегнати страни во рамките на проектот ADRISKY, во кој општината учествува како партнер.

На средбата свое излагање имаше експертот за светлосно загадување од Република Словенија, проф. д-р Милан Светец, кој го презентираше нацрт-стратешкиот документ – Територијален акциски план (Territorial Action Plan), изработен во рамките на проектот. Присутните имаа можност да се запознаат со предложените мерки и активности насочени кон намалување на светлосното загадување, заштита на животната средина и зачувување на биодиверзитетот.

Во дискусијата активно учество зедоа членовите на проектниот тим, како и градоначалникот на Општина Пехчево, при што беше истакната важноста на проектот и придобивките што тој ги носи за локалната заедница.

Реклама

Присутните изразија задоволство од учеството на Општина Пехчево во проектот ADRISKY, нагласувајќи дека преку меѓународната соработка се овозможува унапредување на заштитата на животната средина, намалување на светлосното загадување и зачувување на природните вредности.

Од Општина Пехчево информираат дека и понатаму остануваат посветени на спроведување одржливи политики и активности, со цел подобрување на квалитетот на живот и создавање поздрава животна средина за граѓаните.