Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

„Безбеден град“ ќе ги евидентира и казнува и странските возачи што транзитираат и ги прекршуваат сообраќајните правила низ Македонија

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце.

Министерот Тошковски апелираше до сите што транзитираат низ коридорите 8 и 10 во Македонија, дека камерите на „Безбеден град“ функционираат, работат и евидентираат сообраќајни прекршоци. Тошковски рече дека покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните кои транзитираат во земјава ќе добиваат казни за сторени сообраќајни прекршоци, затоа повика граѓаните кои патуваат да ги почитуваат правилата, укажувајќи дека секој спасен живот е огромен гест. Министерот апелираше до сите кои транзитираат низ коридорите 8 и 10 да бидат одговорни, бидејќи функционира системот „безбеден град“ и ќе се однесува за сите, без разлика дали е со македонски или со странски регистарски таблици.

– Брзо, ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила, ќе биде токму тука на овој граничен премин, така што апелирам до граѓаните кои управуваат возила со странски регистарски таблички да ги известат дека прекршоците се констатираат и ќе бидат за брзо време доставени до оние кои не ги почитуваат правилата-рече Тошковски.

Реклама

Во рамки на изјавата Дачиќ кажа дека оние кои транзитираат треба да бидат дел од системот, за што е потребно и европска регулатива. Тошковски потенцираше дека во 21 век, благодарение на технологијата и вештачката интелигенција ќе се најде решение, бидејќи целта е сите да ги почитуваат правилата и да спасат човечки животи, укажувајќи дека казните ќе бидат доставени до македонски, српски државјани или државјани на ЕУ.

– Ако во ова време не најдеме начин како да ги доставиме мислам дека имаме проблем самите со себе. Ќе треба време, процесот не е едноставен за спроведување, но ќе го спроведеме и како што е имплементиран за македонските граѓани, така ќе важи и за останатите кои транзитираат и ги прекршуваат правилата, го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Имаме замислено решение и за брзо ќе ве увериме дека функционира-кажа Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Дачиќ изрази волја да соработува со македонските институции за оваа тема, посочувајќи дека оние кои прават прекршоци засега стравуваат само дека нема да можат да поминат на овој пат.

Системот „Безбеден град“ во Македонија функционира од 01.02.2026 година.

Одговарајќи на новинарски прашања за запленетата дрога, двајцата министри денеска изјавија дека деталите ќе ги соопштат обвинителствата кои преземаат дејства за овој настан. Тие нагласија дека истрагата е во надлежност на обвинителствата и оти сите инволвирани ќе бидат процесуирани согласно законот. Министерот за внатрешни работи Тошковски кажа дека целиот процес сега е во обвинителството за овој кривично-правен настан, дека МВР за дел од групата поднела пријави, дел се обезбедени, определени им се најстроги мерки.

-Во овој момент не би можел да додадам повеќе од она коешто јавниот обвинител го сподели со јавноста. Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста која ја има согласно Законот. Предметот, знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава, дел од учесниците во рамки на оној кривично-правен настан се обезбедни, лишени од слобода и за нив се определени најстроги мерки согласно одредбите од Законот за кривична постапка. Така што би завршил и би оставил Јавното обвинителство да си го сработи својот дел од работата и за истото да ја информира јавноста-рече Тошковски. 

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ посочи дека по завршувањето на полициските активности, предметот е во надлежност на обвинителството.

 – Кај нас, а веројатно така е и во Македонија кога полицијата ги завршува работите, тие се предаваат на обвинителството кое понатаму ја води истрагата. Не можам ништо повеќе да ви кажам. Сметам дека тоа е голем успех кој го постигнавме во последните две и пол години. Ова е една од најголемите заплени што се случи, но не е само таа, имаше и други. Се бараше за главниот осомничен и организатор, но сега е во рацете на обвинителството-рече Дачиќ. 

Тој додаде дека помеѓу двете земји поминуваат различни рути, вели, за негативни работи како што се илегална миграција, наркотици, оружје, укажувајќи дека соработката меѓу двете земји за спречување организиран криминал е исклучително добра и може дополнително да се активира.

-Мислам дека имаме добра соработка и таа треба дополнително да се активира. Интересно е што не постои криминална група која е еднонационална. Ретко се случува тоа-рече Дачиќ, нагласувајќи дека сите кои се инволвирани, ќе бидат процесуирани без разлика на нивната позиција.