Десет илјади амандмани против македонската дијаспора. СДСМ повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија. Додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас, се наведува во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Што има СДСМ против дијаспората!?
Што толку им пречат граѓаните кои живеат надвор од Република Македонија!?

Секој обид да се спречи волјата на народот е однапред осуден на неуспех.
Може да го блокираат Собранието, но не можат да ја блокираат одлуката на граѓаните.
На следните избори, наместо фактор, СДСМ ќе биде само статистика!
