Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

Проблемот со водата во Гостивар ќе се решава со проширување на мрежата и нова водоводна линија од изворот на Вардар

Проблемите со водоснабдувањето во општина Гостивар наскоро треба да бидат надминати и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемите со водоснабдувањето во општина Гостивар наскоро треба да бидат надминати и да се обезбеди вода за пиење за сите корисници, ова го кажа градоначалникот Ваљбон Лимани во одговорот на новинарско прашање на настан во Гостивар.

Тој појасни дека локалната самоуправа, во координација со Јавното претпријатие „Комуналец“, по проблемите кои се појавија минатиот месец, презеде серија мерки за стабилизирање на состојбата.

– Во моментов активно се работи на неколку клучни локации на терен. Главниот фокус е ставен на изградбата на новата водоводна линија од изворот на Вардар во Вруток. Според процените на експертските тимови, со реализацијата на овој проект капацитетот на водоснабдувањето ќе се зголеми за педесет до шеесет проценти. Со овој зафат, во голема мера ќе го решат долгогодишниот недостиг со намалениот капаците на водоводот, рече Лимани.

Реклама

Во меѓувреме, како што посочи, санациите и итните мерки кои биле спроведени дале видливи резултати и граѓаните во повисоките зони добиваат вода. Лимани потенцира дека остануваат уште неколку критични точки на кои се работи паралелно за водоснабдувањето да биде нормализирано до крајот на јули.

Најавите за рестрикции, првиот човек на општина Гостивар ги отфрли како непроверени информации и увери дека и во случај на евентуални проблеми во повисоките зони, ќе се реагира интервентно за да се обезбеди вода за сите во текот на летниот период.

Тој ја искористи можноста да упати апел за одговорно однесување и користење на водата од градскиот водовод:

– Сите граѓани мора да бидат максимално одговорни за тоа како и колку ја трошат водата. Дури и по пуштањето на новата водоводна линија, рационалната потрошувачка е клучна за секое домаќинство да има непречен пристап до вода за пиење, рече градоначалникот Лимани.

На проблеми со недостиг на вода преку поголемиот дел од денот се жалеа жителите на населбите „циглана“, „фазанерија“, а на протест излегоа и жители од селото Дебреше. Изминативе денови имаше повеќе часовни прекини, заради дефекти на три локации.