Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Се гради пешачка патека меѓу селата Таринци и Карбинци

Во тек е изградбата на новата пешачка патека меѓу селата Таринци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е изградбата на новата пешачка патека меѓу селата Таринци и Карбинци во општина Карбинци. Патеката е долга 1,5 километрии и ќе овозможи побезбедно движење на пешаците меѓу двете населени места. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека освен за секојдневно пешачење, таа ќе служи и како простор за рекреација.

-Овој проект е еден од поважните за оваа година, затоа што поврзувањето помеѓу овие две населени места ќе значи продолжение со една ваква зона за рекреација, зона за пешаци. Најпрво од безбедносен карактер, затоа што жителите и сите оние кои ќе сакаат да се рекреираат, но и да се движат помегу овие две население места, ќе можат да го направат по оваа патека, на еден безбеден начин-рече Паунов.

Со претходно изградената пешачка патека од Долни Балван до Таринци и новата што се гради меѓу Таринци и Карбинци, жителите ќе добијат вкупно околу 3,5 километри безбеден простор за пешачење и рекреација.

Реклама

Проектот  се реализира со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа од 4,5 милиони денари, а 6,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општината. Изградбата на пешачката патека од Таринци до Карбинци се очекува да заврши во текот на летото.