Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Гаши и Папуашвили најавија интензивирање на парламентарната соработка меѓу Македонија и Грузија

Соработката меѓу Македонија и Грузија во наредниот период ќе биде интензивирана, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката меѓу Македонија и Грузија во наредниот период ќе биде интензивирана, со посебен акцент на продлабочување на парламентарните врски, размената на искуства и унапредување на комуникацијата меѓу пратеничките групи и комисии – ова се дел од заклучоците од средбата меѓу претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили.

Како што соопштуваат од Собранието, спикерот Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата.

Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката група за соработка со Грузија, како и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи.

Реклама

Гаши се заблагодарил на Папуашвили за гостопримството и оценил дека ова е можност заеднички да ги постават основите за продлабочување на натамошната соработка помеѓу двата парламенти, но и помеѓу двете држави.

Тој изразил задоволство што последниве години има поголема иницијативност за приближување на двете држави и ја поздравил одлуката за взаемно укинување на визите, што започна од септември 2021 година, што е значаен чекор за натамошно приближување на меѓусебните односи и зајакнување на соработката на сите полиња.

Папуашвили изразил благодарност за поддршката што Грузија ја добива од нашата држава во однос на територијалниот интегритет и суверенитет. Тој потенцирал дека, за нас како мали држави, важно е мирот и стабилноста и регионално и глобално да се базираат на меѓународното право. Папуашвили се заблагодарил за учеството на Гаши на состанокот на ПАБСЕК што се оджа во Грузија, со што се дава уште поголемо значење на регионалната соработка.

– Во однос на парламентарната соработка, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на соработката меѓу Групите за соработка, преку споделување искуства од парламентарното работење и примена на ефикасни искуства од различни области. Заеднички беше заклучокот дека ќе ги мотивираат Групите за соработка меѓу двете држави да ја зајакнат и интензивираат меѓусебната комуникација, но исто така оценија дека треба да поттикнат и соработка помеѓу парламентарните комисии – стои во соопштението од Собранието.

Оттаму дополнуваат дека претседателот на Собранието Гаши се потпишаал и во Книгата на почесни гости во Парламнетот на Грузија, каде порачал дека преку парламентарната дипломатија треба да се градат мостови на пријателства.

Претходно претседателот на Собранието Гаши положил цвекќ на Меморијалниот споменик на починатите херои за територијалниот интегритет на Грузија.