Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ синоќа околу 21:35 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје било пријавено дека кај нив, со тешки телесни повреди бил донесен 48-годишниот А.К., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Чаир.
– Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје и известен бил трудов инспектор – појаснија од Министерството за внатрешни работи.
