Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС.

Приоритет е Реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава.

Реклама

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а  ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега  Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација.

Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка.

Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство. 

Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик.

ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучување во сите области.