Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Високи оценки од првиот човек на НАТО за Европа: Македонската армија е сигурен и кредибилен сојузник

Македонската армија останува сигурен и кредибилен дел од НАТО. Државата  е цврст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската армија останува сигурен и кредибилен дел од НАТО. Државата  е цврст и ценет сојузник кој значајно придонесува за колективната безбедност е пораката од Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Алексус Гринкевич. 180 македонски војници се рамо до рамо со колеги од Бугарија, Летонија и Романија долж источното крило на Алијансата и имаат клучна улога во обезбедување и одбраната.

Гринкевич смета дека буџетот кој се издвојува за одбраната или околу 4 проценти од БДП, е значаен придонес во насока на заедничката цел на Алијансата за достигнување 5 проценти до 2035 година.

  • „Исто така имав можност да ја погледна исклучително вештата демонстрација пред само неколку минути. Како и способностите и посветеноста кои штотуку ги покажавте со сите војници тука. Едноставно величествено, благодарен сум за се што правите бранејќи ја вашата земја и бранејќи ја Алијансата секој ден“ Алексус Гринкевич – рече командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа. 

Македонската Армија има важна улога како клучен фактор во регионот и на транспортните коридори порача налалникот на Генералштабот Сашко ЛаФчиски. Процесот на модернизација на Армијата ќе продолжи, а од новата опрема се планираат оклопни возила, артилерски системи, противвоздушни системи, а се очекуваат и италијанските хеликоптери.

Реклама
  • „Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите – истакна началник на Генералштабот Сашко Лафчиски , посочувајќи на сертификацијата на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“, како и оценувањето на борбените елементи за специјални операции.

Македонската армија придонесува и во мисиите КФОР во Косово и АЛТЕА во Босна и Херцеговина. За тоа генералот на Алијансата ЗА ЕВРОПА се заблагодари  и ја истакна улогата на Македонија во зачувувањето на стабилноста на Западниот Балкан.   

Според најавите на претстојниот Самит на НАТО во Анкара сојузниците ќе демонстрираат напредок во зголемувањето на одбранбените вложувања и поддршката за Украина, со цел јакнење на Алијансата.