Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора – здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти персоналните решенија. 

Во овој состав на Владата, премиерот во интервју за една од националните телевизии, рече дека нема да има потпретседател на Владата задолжен за владеење на правото и дека тие работни обврски ќе ги извршува секретар од неговиот Кабинет.  

На вечерашната седница на Извршниот комитет Мицкоски кажа и дека ќе ги информира членовите дека во тек се преговори со Турската демократска партија да биде дел од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и има еден пратеник во Собранието. Потври дека владиното мнозинство ќе се зголеми за сметка на коалицијата предводена од ДУИ.

Реклама

– Очекувам овие разговори да завршат успешно. Разговараме за подолг период кој би завршил со локланите избори во 2029 година- рече Мицкоски. 

Во првата фаза, како што кажа, би имало осум смени во зависност од тоа како ќе се завршат преговорите со ДПТ. – Така ќе имаме дополнително уште еден член во рамки на владината коалиција –  рече премиерот.

Мицкоски рече дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија.

– Јас веќе го коментирав принципот на оваа реконструкција, не секогаш треба да менуваме затоа што имаме помала испорака од очекуваната, но исто така секогаш можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Тука немам никаква дилема. Понекогаш имаме и промена на приоритетите во рамките на самата коалициона влада и мислам дека оваа реконструкција е комбинација од сите овие столбови за кои што зборувам. Пред членовите на ИК ќе го образложам предлогот со кој што би излегол во парламент бидејќи таква е процедурата и праксата, како мандатар најпрво да се добие поддршка од страна на ИК на партијата за предлогот а потоа да излезам пред парламент и пратениците да го браниме. Така што од прилика тоа кое што ќе следи – посочи Мицкоски.