Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Јуфките од дојранската “Јуфкијада” донирани за трпезите на ранливите семејства од регионот

Подготвените јуфки од хуманитарната манифестација “Јуфкијада”, која се одржа во дворот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подготвените јуфки од хуманитарната манифестација “Јуфкијада”, која се одржа во дворот на црквата “Св. Илија”, во дојранското село Фурка, ќе бидат дел од донациите за социјално загрозените семејства кои ги подготвува фондацијата “Елеуса” од Струмица.

Како што соопштија од оваа организација, јуфките, кои се познат специјалитет од македонската традиционална кујна, денеска се донирани во нивните простории и ќе бидат приклучени во хуманитарните пакети кои фондацијата ги доставува до загрозените семејства од регионот. 

Националната федерација на фармери на Македонија е организир на хуманитарната манифестација во која учествуваа 80 жени од сите региони на државата. Со акцијата во селото Фурка, како што наведуваат од Федерацијата, се означува почетокот на кампањата “Жените земјоделки – од традиција до иновација”, која се реализира во рамки на одбележувањето на Меѓународната година на жените земјоделки, прогласена од Обединетите нации.