Реклама

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски да не манипулира, дефектолозите што ги зборува не му се во програмата, туку станува збор за вработување партиски војници

Герасимовски и СДСM си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Герасимовски и СДСM си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во Центар, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри.

ВМРО-ДПМНЕ не е против нови вработувања, онаму каде што е потребно. Но, тоа не смее да биде алатка за ублажување на гневот и разочараноста на Центарци. Мора да биде процес кој е транспарентен, со добро образложение и оправданост.

Реклама

Моментот на оваа одлука се поклопува точно со судската пресуда, Центар да врати 2,5 милиони евра оштета на градежна компанија од Гостивар, поради раскинување на договор за изградба на катна гаража. Јасна е целта.

Ако Герасимовски четири години раководи со општината, а СДСM повеќе од една деценија, и проблемот со недостигот на технички персонал и дефектолози е толкав колку што го опишува, вистинското прашањето е зошто овој недостиг не е решен со време, туку се актуелизира токму сега.