Поштата во Дебар доби две нови возила за извршување на поштенски услуги.
На церемонијата на предавањето присуствувал генералниот директор на Македонска пошта, Орхан Куртиши, и градоначалникот на општина Дебар, Фисник Меља.
-Уште една добра вест за граѓаните на Дебар. По долгогодишен недостиг на инвестиции, поштата доби две нови возила, кои значително ќе ја подобрат ефикасноста на поштенските услуги и ќе ја олеснат секојдневната работа на вработените, објави градоначалникот Меља.
Оценува дека ова е значајна инвестиција што покажува дека, со “посветеност и институционална соработка, се реализираат конкретни проекти во интерес на граѓаните”.
Изразува посебна благодарност до директорот Куртиши, за неговата посветеност и ангажман во реализацијата на оваа важна инвестиција за Дебар.
-Инвестициите за Дебар ќе продолжат и во наредниот период. Со работа, одговорност и посветеност, ќе продолжиме да градиме Дебар со пофункционални институции и поквалитетни услуги за секој граѓани, порачува Меља.

Директорот Куртиши, најавил дека доколку има потреба од трето возило, ќе се разгледа барањето, додавајќи дека заедно со градоначалникот Меља, ќе реализираат и други проекти во интерес на граѓаните.
Нашата цел, додал тој, е да им обезбедиме поштенски услуги на жителите на Дебар со највисок квалитет и ефикасност, зашто интересите на граѓаните секогаш се наш приоритет.
