Општина Македонска Каменица информира дека во ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули ќе се реализира второто терестрично прскање против комарци на целата територија на општината.
Од локалната самоуправа соопштија дека акцијата ќе се изведува во вечерните и ноќните часови, доколку временските услови го дозволат тоа. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен и ќе се реализира во првиот нареден термин кога ќе се создадат соодветни услови.
Општината упати апел до сопствениците на пчелни семејства навремено да преземат соодветни мерки за нивна заштита за време на спроведувањето на третманот.

Од Општина Македонска Каменица ги повикуваат граѓаните на разбирање и соработка, посочувајќи дека активноста е дел од редовните мерки за намалување на бројноста на комарците и заштита на јавното здравје во текот на летниот период.
– Терестричната дезинсекција претставува една од превентивните мерки што локалната самоуправа редовно ги спроведува во насока на создавање подобри услови за живот на граѓаните и намалување на ризиците од појава и ширење на инсекти во летните месеци – велат од општината.
