Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Промените во владиниот состав познати вечерва по седницата на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промените што ќе ги донесе реконструкцијата на Владата се очекува да бидат објавени вечерва по седницата на Извршниот комитет на на владеашката ВМРО-ДПМНЕ. 

Во изјава за медиумите премиерот Мицкоски вчера нагласи дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

– Да, ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена – рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“.

Реклама

За промени во другите ешалони, Мицкоски рече дека со тие активности ќе се продолжи од септември. 

– Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму – рече Мицкоски.

Според изјавата на актуелниот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој е генерален секретар на „Вреди“, дадена во неделата, по владината реконструкција, тие ќе раководат со шест министерства – животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, а Министерството за здравство не е дел од овој пакет.

Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и во Министерството правда, а до неделата не беше дефинирано кои ќе бидат тие. 

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во неделата пред партиска трибина во Куманово изјави дека по владината реконструкција тие ќе раководат со две министерства, но оти денеска, конечно, ќе биде соопштено кој ресор на која политичка партија ќе ѝ припадне. 

– Вторник ќе биде конечен ден кога ќе бидат соопштени сите ресори, кој на која политичка партија припаѓа и како ќе бидат распределени. ЗНАМ ќе задржи две министерства и по овие преговори, ќе излезе уште појак – рече Димитриевски. 

Засега официјално се знае дека Арбен Фетаи, кој беше вицепремиер за добро владеење и кој поднесе оставка, нема да биде дел од новата Влада, а според изјави и брифинзи на партиски претставници од владејачката коалиција, најверојатно, дел од новиот владин состав нема бидат и министрите за социјална политика, демографија и млади, за здравство и за култура – Фатмир Лимани, Азир Алиу и Зоран Љутков. Со владината реконструкција ќе биде опфатен и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, кој вчера објави писмен отчет на својот фејсбук-профил.

Премиерот Мицкоски неодамна во гостување на националниот сервис за реконструкцијата изјави дека таа не се прави само поради резултати што се постигнати досега, туку и поради промена на приоритетите. Сè уште, нагласи, не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамките на промена на една третина од составот или повеќе. 

Според претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот почнат пред две години и дека е неважна замената на луѓе во ресорите зашто тоа, според него, за граѓаните ќе нема бенефит. 

Предлогот за состав на Владата, според најавите, се очекува веднаш следниот ден да биде испратен до Собранието, а потоа во согласност со роковите да биде закажана и пленарна седница за нејзин избор.