Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за испитување и жигосување односно одбележување на огненото оружје и муницијата и Предлог-законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија.
