Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Почна Летниот камп по историја „Наде Проева“ – „Вљубете се во историјата“

Во Претор денеска официјално почна Летниот камп по историја „Наде Проева“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Претор денеска официјално почна Летниот камп по историја „Наде Проева“ – „Вљубете се во историјата“, во организација на „Македоника – Центар за историски студии „Наде Проева““. Кампот е наменет за средношколци од трета година со цел да ја поттикне љубовта кон историјата, критичкото размислување и интересот за историското истражување.

Главните цели на кампот се поттикнување на интересот кај младите за изучување на историјата, развивање на критичкото размислување и аналитички пристап кон историските извори, продлабочување на знаењата од националната, балканската и светската историја, промовирање на историското и културното наследство на Македонија, развивање на дебатни, истражувачки и презентациски вештини, создавање мрежа на млади љубители на историјата од различни средини, афирмирање на историјата како современа и динамична научна дисциплина…

Првиот ден, како што информираат организаторите, бил посветен на запознавање на учесниците и споделување на нивните лични приказни за тоа како се родила љубовта кон историјата, а бил претставен и ликот и делото на проф. д-р Наде Проева – една од најзначајните македонски историчарки и научници, чиј научен опус и посветеност претставуваат инспирација за младите генерации историчари. Бил презентиран и документарниот филм „Instead of Hagiography“, посветен на проф. д-р Наде Проева, создаден од нејзината сестра, Павлина Проевска.

Реклама

– Во текот на наредните денови учесниците ги очекува богата и разновидна програма која опфаќа предавања од историчари, историски дебати, квизови, интерактивни работилници, едукативни игри, анализа на историски извори, презентации, дискусии, теренски активности и посети на значајни историски и археолошки локалитети во Преспанскиот Регион. Целта е младите да ја доживеат историјата на интерактивен начин, преку директен контакт со културното наследство и современи методи на учење, велат организаторите.