Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Македонија

Собранието ги изгласа измените на  Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување

– Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108 на кои, пратениците изгласааа повеќе законски измени меѓу кои –  Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, сите по скратена постапка.

Во попладневниот дел, Собранието прво го одржа продолжението на 105. Седница, на која, без расправа со 59 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан, ги донесе Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа и Законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија – двата по скратена постапка.

Пратениците, исто така, ги усвоија и финансиските извештаи на Агенција за супервизија на осигурување во 2025 година, ревидирани од овластен ревизор. 

Реклама

Собранието, во продолжението на 106. Седница, со 59 гласа „за“ без воздржани и против го донесе закон за изменување и дополнување на Законот за работно ангажирање на лица, по скратена постапка.

Собранието со 59 гласа „за“ и 18 гласа „против“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, по скратена постапка. Пратениците, исто така, со 59 гласа “за“ го изгласаа и Законот за финансиски лизинг.

Во продлжението на 108. Седница Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“ го донесе изменувањето и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. 

Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот рече дека има големо значење, нагласувајќи дека трансплантацијата не е само медицинска постапка, туку е живот, надеж и можност еден човек и по неговата смрт да продлжи да живее преку животот на некој друг. 

-Измените кои денеска ги предлагаме не се само правни и административни, туку се една порака дека нашиот здравствен систем се гради врз достоинството на човекот, солидарноста и почитувањето на личнат волја. Со овој закон првично се проширува кругот на можни живи дарители на органи и се вклчуваат сродниците до четврто колено, но истовремено ги зајакнување и заштитните механизми и секој случај ќе биде предмет на проценка од Етичката комисија, која ќе ја утврди доброволната одлука и ќе гарантира дека нема притисок, злоупотреба или трговија со органи – изјави Алиу.

Втора најзначајна промена, нагласи Алиу, е воведување на јасна и лична изјава на секој граѓанин за дарување на органи по својата смрт.

-Од сега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее или не, тоа не е мој избор. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинсто и личната автономија на нашите граѓани – порача Алиу. 

Пратеникот Илир Хасани од ДУИ, рече дека законот е многу значен за сите и треба да се поддржи, но нагласи дека проблем е изјавата за давање согласност и кој се може да ја види. 

-Мислам дека треба требаше да се создаде терен за поддршка на овој закон. Јас како Илир не се чувствувам сигурен моето име Илир да го има на некоја листа за можна трансплантација, бидејќи, хипотетчки би бил таргет и можност за некој мене да ме искористи за давање или земање органи. За жал во оваа форма како што е напишан овој закон, јас нема да дадам поддршка – изјави Хасани.   

Пратениците со 57 гласа “за“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка. Со 58 гласа “за“ Собранието го донесе и закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка.

Собранието продолжува со работа по 110 седница, на чиј дневен ред, се новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а законот е дел од реформската агенда.