Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Собрание го донесе Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. 

Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 „против“. 

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека подесените амандмани за законот биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии, и уште нагласи што содржи законот. 

Реклама

– Прво, дислокацијата на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде резултати за нивна дислокација од училиштата е оддалеченоста од 500 метри, најбезбеден пат на објектот од основното или средното училиште. Понатаму, значително се ограничува рекламирањето. Светлечките реклами нема да ги има. Ќе бидат тргнати и младите нема да бидат изложени на тој, би рекол, агресивен маркетинг којшто постојано сме сведоци сите, ни се случува пред очи – рече заменик министерот за финансии. 

Додаде дека единствено ќе биде дозволено во димензии, големина на реклама од 100 сантиметри на 30 сантиметри, којашто ќе биде истакната на самиот објект и каде што ќе биде само истакнат називот на тоа трговско друштво без никаква парола или некое мото коешто ќе предизвика како некој резултат за извесен финансиски успех или некој пат до личен успех доколку се влезе во тој објект.

​- Понатаму, исто се воведува задолжителното GPS поврзување, односно информации коишто ќе ги добива Управата за јавни приходи од самите VLT машини, апарати и така натаму, казината, и ќе има информација за тоа што се случува подетално во оваа индустрија. Исто така ќе се знае многу полесно со дигитализацијата кои се лиценцирани, а кои не се лиценцирани објекти – рече Јанкуловски. 

​Се врши усогласување и со Комитетот при Советот на Европа за спречување на тероризам и перење пари Moneyval.

Јанкуловски рече дека доколку во имплементацијата на законот се покажат аномалии, ќе се пристапи кон негови измени. 

Амар Мециновиќ од Левица кажа дека тие нема да гласаат за законот бидејќи нивните амандамни не биле прифатени. Тие како што кажа тој, побарале рестрикции за рекламирање на коцкарници вклучувајќи ги и социјалните мрежи, како и ограничување на промовирање на коцкање. 

За законот, кој се носеше во редовна постапка, дебатираа и други пратеници кои  сметаат дека предложеното законско решение треба да се подобри. 

Претходно пратениците ја утврдија потребата за носење на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, Предлог на закон за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република Северна Македонија, давата по скратена постапка, а се дел од законите поврзани со Реформската агенда.  

Попладнево (16:15) Собранието ќе одржи уште една нова седница на која на дневен ред ќе бидат измените на Изборниот законик, предложени од пратеници. 

Закажани се и продолженијата на уште четири други седници.