Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Собранието попладне на нова седница ќе одлучува за измените на Изборниот законик

На нова собраниска седница закажана за 16.15 часот пратениците ќе ја почнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На нова собраниска седница закажана за 16.15 часот пратениците ќе ја почнат расправата за новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а законот е дел од реформската агенда. 

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонио Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Меѓу другото, со измените се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите. 

Иако учествуваше во работната група, Левицата не го потпиша овој предлог со образложение дека не се согласува со предложениот начин на финансирање на партиите бидејќи тие иако имаат шестмина пратеници, на партијата ќе ѝ бидат исплатени исто толку кога беа двајца. 

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека договорено е Левицата да поднесе амандман на предлогот. 

Претставници на СДСМ не учествуваа во работната група за измените на Изборниот законик.