Со стабилизацијата на цената на нафтата, ќе се стабилизираат и цените на основните прехрамбени производи. Ќе има и надолна корекција, но тоа нема да се случи веднаш. Од Сојузот на сопански комори оценија дека државата добро ја менаџира состојбата во време на глобална криза. Потенцираат дека инфлацијата е под контрола, а тоа е резултат, пред се поради правилното менаџирање со цената на енергенсите.
ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ; ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССКМ
„Доколку другите трошоци се немаат покачено да се види цените пред кризата и по кризата. Единствено тука факторот на покачување на цената се цената на факторот човечки ресурси, каде што имкаме инфомрации од наши членки дека платите се покачуваат бидејќи има силен недостаток. Веројатно во иднина ќе значи доаѓање на луѓе од далечниот исток, но тоа е тоа. Влегуваме во тој процес каде што економијата мора да функционира“.
Од стопанските комори велат дека Законот за нефер трговски практики најдобро ги регулира и контролира цените на пазарот. Според нив, законот треба доследно да се почитува, а воедно ја поддржуваат и најавената измена со која се предвидува зголемување на казните.

– ГОРАН ЃОРЃИЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССКМ
„Вистинската адреса, учествуваме во носењето на законот за нефер трговски практики. Сметаме дека тој е кчучната алатка и државата ја имаа таа алатка која мкоже да расуди и да донесе квалитетни заклучоци“
Покрај заштитата на стандардот на граѓаните преку корекции и контрола на цените, од Комората сметаат дека е неопходно и вложување во дигитализација и финансиска писменост на компаниите, со цел намалување на производствените трошоци и зголемување на продуктивноста. На годишното Собрание на сојузот на стопански комори беше заклучено дека во иднина Комората ќе биде насочена кон обуки за компаниите, преку кои ќе се овозможи намалување на трошоците со примена на дигитални алатки и јакнење на претприемачките вештини. Според нив, тоа ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и производи на европскиот пазар.
